ФУДБАЛ

Познатиот пејач и навивач на Сити брутално го навреди Бразилецот: Нејмар е мало п***а

Манчестер Сити вчера го совлада ПСЖ со 2:1 во првиот дуел од полуфиналето во Лигата на шампионите на „Паркот на принцовите“ во Париз.

Граѓаните стигнаа до пресврт во второто полувреме на овој натпревар, а натпреварот на социјалните мрежи го следеше најпознатиот навивач на Сити, пејачот на Оазис, Лиам Галагер.

Галагер беше лут на sвездата на ПСЖ Нејмар и го почести со бројни навреди.

Познатиот пејач очигледно го смета Нејмар за голем актер на теренот. Неколку пати го викаше п***а и беше очигледно дека е доста изнервиран.

Сепак, на крајот на краиштата, Галагер може да биде многу среќен. Неговиот тим забележа победа на гости од 2:1 и му носи голема предност на домашен терен.

Секако, добрата игра од првиот натпревар ќе треба да се повтори следната недела и ќе видиме дали Сити за прв пат ќе оди во финалето на Лигата на шампионите.

Да потсетиме, во второто полуфинале играат Челзи и Реал Мадрид. Резултатот од првиот натпревар на овие екипи е 1:1.

Дефинитивно ќе имаме многу возбудлив реванш од полуфиналето во Лигата на шампионите и нема сомнеж дека ќе можеме да уживаме во врвниот фудбал.