Познатиот шпански фудбалер Хоакин (40) одлучи оваа сезона да биде последна во неговата играчка кариера.
Хоакин со години ја одложуваше пензијата, сакаше да игра што подолго, но време е да се збогува. Годините си го прават своето, тој полека се откажува, не може да му помогне на Бетис онака како што би сакал, па решил да ги закачи копачките на ѕид, а веднаш спомнал што ќе прави во иднина.
Тој истакна дека ќе работи како телевизиски водител, подоцна како професионален консултант, а има амбиции да се испроба и во други сфери, иако прашање е колку е сериозен.

– Веќе знам дека ќе ми недостига фудбалот, но на 40 години време е да ја завршам кариерата, па сега ќе бидам ТВ водител. Ќе биде многу забавна програма, полна со хумор и радост. Сакам да учам и за нови работи и занимања. Што би сакал да правам? Сега сериозно, би сакал да бидам пожарникар или порно актер. Многу би сакал да бидам пожарникар бидејќи тоа е прекрасна професија во која треба да го почувствувате адреналинот кога ќе го слушнете алармот за пожар и треба брзо да интервенирате. Што се однесува до тоа да бидам порно актер, можеби нема да бидам доволно добар, изјави Хоакин.
Шпанецот кариерата ја започна во помладите категории на Бетис и во овој клуб играше до 2006 година кога Валенсија го купи во трансфер вреден 20 милиони евра.
Играше и за Малага и Фиорентина, а од 2015 година повторно е во Бетис.