Познатиот стадион на Бока Јуниорс, легендарниот Ла Бомбонера, во иднина ќе има нов изглед.
Претседателот на клубот Хорхе Амор Амеал објави дека започнува со проект за реновирање на стадионот и дека аргентинскиот гигант наскоро ќе добие нов стадион.
„Имаме план. Поранешните челници веројатно ќе кажат дека е нивен, но зошто не го направија тоа ако е нивен“, изјави претседателот на клубот Хорхе Амор Амеал.
„Ова е нашиот проект наречен La Bombonera 360. Стадионот би имал капацитет од 80.000 гледачи. Никогаш не престанавме да работиме на проектот. Имавме двегодишна пандемија и за тоа е потребна економска стабилност“.
Тој рече дека сè уште нема планови за промена на името на стадионот, но ќе изгледа сосема поинаку откако ќе заврши реновирањето.

Познато е дека Ла Бомбонера има една рамна трибина, што ја прави единствена. Според новиот проект, тој ќе добие нова димензија и ќе стане минато.
Сегашниот капацитет на Ла Бомбонере е 57.000 седишта.