Реал Мадрид наводно комплетирал спектакуларен трансфер, а нов играч на кралевите би требало да стане германскиот репрезентативец Антонио Рудигер.
Договорот на Рудигер со Челзи истекува на крајот од оваа сезона. Преговорите за продолжување на соработката одамна прекинаа, па стана извесно дека германскиот репрезентативец нема да ја продолжи соработката со Челзи.
Неговиот нов тим, според сите сметки, ќе биде Реал Мадрид. Угледниот новинар Џанлука Ди Марцио најави дека одличниот дефанзивец е многу блиску до договор со мадридскиот гигант и наскоро се треба да се официјализира.
Според неговите информации, Рудигер се согласил на намалување на платата за да се договори со Реал и наскоро треба да биде комплетиран неговиот трансфер во редовите на великаните од Мадрид.
Манчестер Јунајтед му понуди најмногу пари на 29-годишниот фудбалер, но Германецот сака да игра во Лигата на шампионите. Се уште е неизвесно за Јунајтед, па Кралевите се истакнаа како логичен избор за овој дефанзивец.
Исто така, ПСЖ и Јувентус се поврзуваа со доведување на Рудигер, но се чини дека тој веќе го избра тимот во кој ќе настапува следната сезона.
Антонио Рудигер пристигна во Челзи во 2017 година од Рома. За сините одигра 196 натпревари и постигна 12 гола.
Со лондонските сини освои речиси се што можеше. Ги подигна трофеите од Лигата на шампионите, Лига Европа, Премиер лигата, ФА Купот, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.