По поразот од Динамо во Лигата на шампионите, Челзи му врачи отказ на тренерот Томас Тухел.
Се чини дека е познато и името на неговиот наследник, а во прашање е Греам Потер.
Според британскиот новинар Бен Џејкобс, Челзи и тренерот Греам Потер постигнале вербален договор и остануваат само формалности до официјалното назначување.
Told Graham Potter has verbally agreed to take over as Chelsea boss. Formal paperwork expected to follow soon with Chelsea hoping to finalise the appointment before Fulham this weekend.
— Ben Jacobs (@JacobsBen) September 7, 2022
Документите треба да бидат составени и потпишани од двете страни, а после тоа Греам Потер се впушта во најважната авантура во својата тренерска кариера.
Цитираниот извор пренесува дека Челзи сака се да се среди во наредните денови за Греам Потер да може да дебитира на малото лондонско дерби со Фулам кое е закажано за в сабота.
Греам Потер е под договор со Брајтон, но Челзи доби зелено светло да преговара со менаџерот. Голема е веројатноста Греам Потер да се пресели во Челзи со исплатата на клаузулата за раскин на договорот, вредна 18,5 милиони евра.
Инаку, Греам Потер нема големо искуство како менаџер на највисоко ниво, но успеа да импресионира во Премиер лигата.
Евентуалниот иден тренер на Челзи, инаку фудбалер кој се движеше низ просечни тимови, тренерската кариера, нетипична за Англичанец, ја започна во шведски Остерсунд, каде што тренираше од јануари 2011 година, кога беше во четвртата лига, до јуни 2018 година. Во тој период Остерсунд го освои Купот на Шведска и се пласираше во осминафиналето на Европската лига.
Резултатите на овој тренер во Шведска не останаа незабележани, а во Свонси пристигна веднаш по заминувањето од Остерсунд.
Греам Потер остана во велшкиот тим една година, до јуни 2019 година, кога го презеде Брајтон, каде што е сега.