ФУДБАЛ

Познато е кога Јувентус и Лион ќе го играат реваншот од осмина финалето во Лигата на шампионите?

По двомесечен прекин од пандемијата на коронавирус, фудбалот конечно се врати.

Денес пристигна потврда од Германија дека Ангела Меркел дала дозвола да се продолжи Бундеслигата овој месец. На утрешната средба германските клубови ќе се договорат за точниот датум на продолжување на натпреварите.

УЕФА минатиот месец одлучи дека првин ќе бидат завршени националните првенството, а потоа ќе играат европските натпреварувања. Целта е лигите да бидат комплетирани до крајот на јули, а Лигата на шампионите и Лига Европа да продолжат во август.

Италијанските медиуми денес пишуваат дека за календарот за европски натпревари веќе е дискутирано. Има уште неколку реванш натпревари што треба да се одиграат во 1/8 финалето на Лигата на шампионите, додека Лига Европа стигна и до 1/8 финале.

Според извори на „РМЦ Спорт“, реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Лион би можел да се игра на 8 август. Сепак, сè уште нема официјална потврда, но секако е радост да се види дека голем дел работат на календарот во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Што се однесува до мечот меѓу Јувентус и Лион во првиот натпревар од овие екипи, францускиот тим славеше пред своите навивачи со минимални 1:0. Покрај овој натпревар, остануваат уште реванши помеѓу Манчестер Сити – Реал Мадрид, Баерн – Челзи и Барселона – Наполи.

ПОВРЗАНО

БундеслигаЛига Европа