ФУДБАЛ

Познато е кога ќе се играат преостанатите реванш натпревари од осмина финалето на Лигата на шампионите и Лига Европа?

Најсилните европски лиги треба да продолжат во наредниот месец, а први што ќе се вратат на теренот се клубовите во Бундеслигата.

Германците ја продолжуваат сезоната денес по двомесечна пауза, додека повеќето европски лиги се очекува да го сторат истото во наредниот месец. Французите се единствените кои решија да ја прекинат сезоната и да го прогласат шампион, а продолжението се очекува во Италија, Шпанија и Англија.

УЕФА даде приоритет домашните првенства да бидат комплетирани до почетокот на август, а потоа ќе завршат европските натпреварувања. Клубовите имаат време до 2 август да ги завршат шампионатите, а потоа ќе се играат натпреварите во ЛШ и во ЛЕ.

На овие натпреварувања остануваат уште неколку реванш натпревари од 1/8 финале, а потоа тие ќе продолжат според распоредот. Во Лигата на шампионите остануваат уште четири натпревари, имено Манчестер Сити – Реал Мадрид, Барселона – Наполи, Јувентус – Лион и Баерн – Челзи.

УЕФА работи на распоредот на натпреварите во Лигата на шампиони и Лига Европа, но сè уште нема официјални решенија. Сепак, „Марка“ пишува дека преостанатите натпревари од 1/8 финале на ЛШ ќе се играат на 7 и 8 август, додека ЛЕ ќе се игра на 9 август.

ПОВРЗАНО

БундеслигаЛига Европа