Ливерпул синоќа загуби на својот Енфилд од градскиот ривал Евертон со 0:2, и така најверојатно и дефинитивно се збогуваа со шампионските амбиции за оваа сезона.
„Црвените“ го израмнија четвртиот пораз на својот стадион во Премиерлигата, а пред првиот од тие четири, загубија во 2017 година.
Нова шлаканица им приреди Евертон, кој славеше со головите на Ричарлидсон и Сигурдсон од белата точка.
Тоа беше доволна причина за Гери Невил, поранешен играч на Манчестер Јунајтед, кој повремено истура сол на раните на „црвените“ кога губат натпревар.
Така беше и синоќа кога, со чаша вино, уживаше во новиот пораз од тимот на Јирген Клоп со ироничните зборови „Беше многу тешко во хаосот, мислам на изолацијата, да се види падот на еден шампион“.
— Gary Neville (@GNev2) February 20, 2021