ФУДБАЛ

Познато е колку Арсенал ќе плати за позајмицата на Одегард

Норвешкиот фудбалер Мартин Одегард ќе игра на позајмица во лондонски Арсенал во следните шест месеци.

Одегард не успеа да се наметне во тимот на Реал Мадрид оваа сезона, а по разговорите со Зинедин Зидан, тој реши повторно да замине на позајмица.

Овој пат тој одби да остане во Шпанија и реши да се обиде во Премиер лигата, па го избра Арсенал.

Одегард ќе биде претставен во лондонскиот клуб во наредните денови каде ќе игра на позајмица до крајот на оваа сезона.

Исто така, англиските медиуми денес објавија дека Арсенал ќе плати околу три милиони евра за Одегард и дека на крајот на сезоната ќе имаат можност да го откупат неговиот договор од кралскиот клуб.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига