ФУДБАЛ

Познато е колку долго ќе паузира Алфонсо Дејвис

Алфонсо Дејвис го напушти натпреварот Баерн – Ајнтрахт во третата минута.

Дејвис излезе поради повреда, а на почетокот се чинеше дека станува збор за сериозна повреда, што го потврди и Баерн по натпреварот.

Шампионите на Германија објавија дека одличниот лев бек се здоби со повреда на лигаментот на десниот зглоб.

Според прогнозите објавени од Баерн, Канаѓанецот ќе паузира помеѓу шест и осум недели.

Оваа прогноза значи дека Дејвис, кој експлодираше минатата сезона на теренот, не може да се врати до 2021 година.