Напаѓачот на ПСЖ се повреди на гостувањрто кај Башикшехир во рамките од второто коло од Лигата на шампионите. Нејамр теренот го напушти со болки, а дека навистикна е посериозна повредата доволно зборува изразот на неговот лице.
Сега, според француските медиуми познато е кој мечеви ќе ги пропушти. Тој нема да игра на дуелите со Нант, Лајпциг (во ЛШ) и Рен, а потоа следува репрезентативна пауза, односно термини резервирани за настапи во репрезентациите. По оваа пауза се очекува тој да се врати на теренот односно на 20-ти ноември.