ФУДБАЛ

Познато е зошто Депај го избриша на Инстаграм описот дека игра за Барселона, а подоцна го врати

Мемфис Депај летово дојде во Барселона како слободен играч од Лион.

Холандскиот напаѓач не го продолжи договорот со Лион бидејќи имаше понуда од Барселона која не можеше да ја одбие.

Депај одлично ја отвори сезоната и постигна неколку голови за каталонскиот клуб и покажа дека ќе биде добро засилување. Сепак, во последно време кај Чави не е баш стандарден, а извесно време беше надвор од теренот поради повреда.

Исто така, шпанските медиуми пред неколку дена објавија дека Депај би можел да ја напушти Барселона по само половина година, а интерес за него покажал и Јувентус.

Депај дополнително ги подгреа овие шпекулации со тоа што од описот на својот Инстаграм профил избриша дека е фудбалер на Барселона, а потоа и репрезентативец на Холандија.

Сепак, неколку дена подоцна откако се најде во центарот на вниманието поради тоа реши да го врати стариот опис на Инстаграм каде повторно пишува дека игра за Барселона и Холандија.

Но, шпанските медиуми објавија дека Депај тоа го направил сосема лукаво чисто како маркетиншки потег што го направил многу добро бидејќи неговиот Инстаграм профил се најде во центарот на вниманието откако многумина објавија дека го менува описот.

Каталонскиот спорт објави дека Депај тоа го направил чисто за да го промовира својот моден бренд, а единствената врска до неговиот моден бренд е во описот на неговиот Инстаграм профил.

Депај многу лукаво ги искористи сите шпекулации за можно заминување, а со својот потег само привлече дополнително внимание на она што му е важно.