ФУДБАЛ

Познато е зошто Ибра „оќелаве преку ноќ“

Златан Ибрахимовиќ ги шокираше обожавателите кога објави фотографија на која е без коса.

Тоа беше вчера, ден по натпреварот и тешкиот пораз од Аталанта, но очигледно тој си играше со фотошоп, па не треба да се грижите дека тој е навистина ќелав.

Но, што точно е причината за потегот на Ибра? Според набљудувањето на медиумите во Италија, на овој начин, Ибрахимовиќ протестираше против ЕА Спорт и популарната видео игра ФИФА, бидејќи неговиот нов соиграч Марио Манџукиќ беше ставен во Милан во ФИФА 21 целосно ќелав.

Хрватот не личи на себе, а Ибрахимовиќ имал спор со компанијата која стои зад најпопуларната фудбалска симулација во светот претходно.