ФУДБАЛ

Правилата налагаат Манчестер Сити да биде исфрлен во четвртата лига во англискиот фудбал

Манчестер Сити е суспендиран на две години играјње во европски натпреварувања заради кршење на финансискиот фер-плеј.

Покрај суспензијата, УЕФА го казни и со 30 милиони евра. Сигурно е дека Сити ќе се жали на оваа одлука, но малку е веројатно дека ќе можат да променат нешто, бидејќи доказите против нив се многу силни.

Контроверзниот период на нарушувања на финансискиот фер-плеј се случи помеѓу 2012 и 2016 година, кога клубот од „Етихад“ потроши скоро 700 милиони евра за засилување.

Англиските медиуми објавија дека Сити ги прекршил правилата на Премиер лигата и затоа ФА може да ги намали своите поени. „Телеграф“ утрово пишува дека ФА може полошо да ги казни „граѓаните“, па дури и да ги фрли во четвртиот ранг на англискиот фудбал, бидејќи новите правила тоа го налагаат.

За прекршување на правилата во Премиер лигата, сигурно е дека Сити ќе биде казнет и во Англија, но тешко е да се очекува дека тие ќе бидат исфрлени во четвртата лига, иако новите правила велат дека тоа ќе се случи со секој клуб што ги крши правилата на Фудбалската асоцијација.

Но, англиските медиуми пишуваат дека најверојатно конечната одлука ќе биде одземање на бодовите на Сити, што е во речиси невозможна ситуација да ја одбрани титулата шампиони на Англија.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига