Португалскиот стручњак Жозе Мурињо пристигна денес во Рим.
Мурињо ќе го води тимот на Рома од новата сезона, каде сигурно ќе се соочи со голем предизвик. Тој пристигнува во Рома откако клубот не одлучи да го продолжи договорот со Пол Фонсека.
Се очекуваше Фонсека да го продолжи договорот за уште две сезони, но по многу лошата завршница на сезоната, челниците на клубот решија да се повлечат од преговорите и му порачаа на Португалецот дека нема да остане.
Набргу потоа, клубот од Олимпико објави дека Мурињо ќе биде новиот тренер на овој клуб и дека тој се согласил да потпише договор со Рома.
Фудбалерите на Рома наскоро ќе започнат со подготовките за новата сезона, а Мурињо денеска пристигна во Рим за подобро да се подготви за она што следува.
Мурињо денеска слета на аеродромот во Рим каде го пречека голема група навивачи на Рома кои се многу возбудени што Специјал ќе биде тренер на нивниот клуб од новата сезона.
Самиот Мурињо не очекуваше таков пречек, а кога излезе во Центарот за обука во Тригорија да ги поздрави навивачите, се воодушеви од татнежот на навивачите на Рома кои скандираа „Оле, оле, оле Жозе, Жозе“.
👋 Il saluto di José Mourinho ai tifosi presenti a Trigoria 💛❤️#ASRoma pic.twitter.com/u8EbdEJGNq
— AS Roma (@OfficialASRoma) July 2, 2021