ФУДБАЛ

Пред натпреварот со ПСЖ, Пеп доби прашање на кое не сакаше да одговори, па само ја напушти салата

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола одби да одговори на прашање за Бенџамин Менди.

На денешната прес -конференција пред утрешното дерби од групната фаза на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и неговиот Сити, Гвардиола одби да зборува за својот фудбалер кој заврши во затвор поради силување.

Менди беше уапсен за семејно насилство и сексуален напад во неговиот дом во јули, а судењето против Менди, кој клубот го суспендираше, започна на 10 септември.

Наводните напади вклучуваат три жени, меѓу кои и малолетничка. На крајот од самата прес -конференција, одржана денеска, на Пеп Гвардиола му беше поставено прашање за Менди, но одби да даде одговор.

По неколку секунди двоумење, менаџерот на Сити ја напушти прес -конференцијата.

Пред тоа, Пеп зборуваше за натпреварот со ПСЖ, ги пофали парижаните, а за Лионел Меси исто така рече дека е „приказна за себе“ и дека е задоволство да се работи со него. Меси утре би можел да се најде во тимот на ПСЖ откако се опорави, и овој пат ќе има можност да му донесе тага на лицето на својот поранешен тренер, кого со години го бодреше со голови и трофеи.

Натпреварот ќе се одигра во вторник во 21 часот на Паркот на принцовите. Во првото коло, Сити го победи Лајпциг, додека ПСЖ освои само еден бод на гостувањето кај Клуб Бриж.