ФУДБАЛ

Пред неколку месеци сите го избркаа од Барселона, а синоќа доби овации кои ќе ги памети додека е жив (ВИДЕО)

Барселона синоќа ја заврши сезоната со пораз од Виљареал на Камп Ноу, кој ќе сака што побрзо да го заборави во овој клуб.

Каталонскиот клуб беше поразен со 2-0 пред своите навивачи, што најдобро ја опиша сезоната што ја имаше Барселона.

Навивачите на Барса разочарани си заминаа од Камп Ноу и извесно е дека каталонскиот клуб ќе се соочи со големи промени во текот на летото, бидејќи се очекува Барселона следната сезона повторно да биде на врвот.

За дел од играчите на Барса синоќа беше последниот меч на Камп Ноу, а еден од нив е Луук де Јонг кој не доби шанса за настап.

Де Јонг сите го отпишаа уште во јануари и Барселона се трудеше со сите сили да се ослободи од него, но тој остана. Холанѓанецот донесе неколку важни бодови со своите голови и покажа дека неговата позајмица не е неуспешна.

Тоа најдобро се виде синоќа по натпреварот кога Де Јонг реши да излезе на теренот и да ги поздрави навивачите, а тие му упатија навистина големи овации.

До пред неколку месеци никој не можеше да очекува дека тоа ќе се случи бидејќи сите сакаа Де Јонг да го напушти клубот, но искусниот напаѓач со своите голови и борба на теренот стана еден од милениците на навивачите на Барселона.