Има многу фудбалери кои пред прославата имаа многу тежок живот, особено детството.
Нов пример за тоа доаѓа од Реал Мадрид, кој во саботата по 14-ти пат во историјата стана европски шампион со победата над Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите (1:0).
Заедно со останатите играчи, трофејот на победникот во Лигата на шампионите го подигна и 19-годишниот играч за врска на Реал Мадрид, Едуардо Целми Камавинга.
Овој фудбалер, роден во ноември 2002 година во Кабинда (Ангола), како двегодишно дете се преселил од таа земја во Франција.
После тоа, кога имал 11 години го чекала нова животна драма. Потоа го изгубил домот и поминал низ период на сиромаштија со семејството.
Сепак, ништо не го спречи да ги оствари соништата, па стана најмладиот фудбалер на Рен и француската репрезентација.
Минатото лето на 18-годишна возраст потпиша за голем клуб како Реал Мадрид, а денес на 19-годишна возраст, осум години откако остана без покрив над главата, може да се пофали со титулата европски и шпански првак.
Покрај споменатите два трофеи, малку порано го освои шпанскиот Суперкуп со Реал Мадрид, со Рен го освои Купот на Франција во 2019 година, а со француската репрезентација во 2021 година го крена пехарот на победникот во Лигата на нации.
Оваа сезона Камавинга настапи на вкупно 46 натпревари за кралевите во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и додавајќи исто толку асистенции.
Неговата кариера штотуку започна, а таа е веќе толку богата. Доколку повредите го заобиколат, тој ќе биде еден од најдобрите светски фудбалери во следните петнаесет години.