ФУДБАЛ

Пред Роналдињо претстојат тешки денови, неговата мајка почина од коронавирус

Мигуелина Елои Асис дос Сантос, 71 година, мајка на бразилската sвезда Роналдињо, почина во саботата.

Мигуелина почина од компликации предизвикани од коронавирусот, пренесуваат медиумите од Бразил.

Таа беше хоспитализирана во декември минатата година во болница во Порто Алегре, бразилска држава, која беше рекордер по бројот на заразени лица во таа јужноамериканска земја.

Атлетико Минеиро, еден од најспецијалните клубови во кариерата на Роналдињо, беше меѓу првите што реагираше на трагичната вест.