ФУДБАЛ

Преговорите завршија: Челзи добива нов спортски директор?

Откако го отпуштија Томас Тухел и го назначија Греам Потер за нов тренер во Челзи, се уште не се помирени.

Имено, управата на клубот се уште е во потрага по спортскиот директор на клубот, а изборот падна на Луис Кампос кој ќе се обидат да го доведат во клубот.

Така тој би дошол како замена за Мајкл Еменал, кој минатата година го напушти Челзи и замина во Монако.

Кампос моментално работи во Пари Сен Жермен како консултант, но сега се чини дека ќе добие понуда од Челзи која не може да ја одбие.

Новиот сопственик на Челзи, Тод Боели не беше задоволен од работата на поранешниот менаџер, и е подготвен за големи промени во клубот.

Како што пренесуваат англиските медиуми, разговорите со Кампос веќе се водени, а од Челзи биле задоволни од исходот.

Наводно новиот тренер Потер веќе ќе биде многу агресивен во јануари кога е во прашање составувањето на тимот, а Кампос треба да му биде голема помош.

Челзи сака што поскоро да го претстави на јавноста новиот спортски директор и на секој начин се обидува да го убеди Камсо да направи договор.

Кампос својата репутација ја стекна во Монако и Лил, а многу добро ја врши работата и во ПСЖ.

Сепак, сигурно е дека ќе му биде многу тешко да ја одбие понудата на Челзи да се испроба во, како што сите велат, најсилната лига на светот.