ФУДБАЛ

Прекрасен гол на Трајковски, овој пат со волеј (ВИДЕО)

Александар Трајковски го постигна својот втор гол во Саудиска Арабија во дресот на Ал Фејха, втор во низа и повторно реми за неговиот тим. Трајковски погоди во 31-та минута, а до крајот фудбалерите на Ал Тавон израмнија на 1:1 преку Кадеш во 94-та минута и останаа непоразени. Ал Феиха се десетти на табелата.