Првото коло од Конференциската лига на УЕФА донесе многу интересни нешта на натпреварите кои започнаа во 18:45 часот.
Спектаклот го видовме во Чешка, каде во групата Д се соочија Словачко и Партизан.
Домаќините одлично го започнуваат натпреварот.
Поведоа во петтата минута со голот на Калабиска за 1:0, на асистенција на Холцер, а во 19. минута истиот играч погоди за 2:0 на асистенција на Хофман.
Во 22. минута Белиќ доби директен црвен картон, а Парицан остана со играч помалку. Тогаш се чинеше дека овој натпревар е завршен, но потоа чудесен пресврт на белградскиот тим.
За 15 минути постигнаа три гола со играч помалку.
Дијабате погоди за 2:1 во 47. минута, потоа истиот играч погоди за 2:2 во 53. минута, а Гомеш го реализираше пресвртот и 2:3 во 62. минута.
Домаќините во тој момент беа шокирани, се обидоа да се вратат во мечот, а успеаја во 83. минута кога Козак погоди за 3:3, што беше и конечен резултат на натпреварот.
Во останатите натпревари од првото коло, поточно натпреварите кои започнаа во 18:45 часот, беа забележани интересни резултати, а посебно се издвојува спектакуларниот дуел помеѓу Виљареал и Лех.
Група А:
Хератс – Башакшехир 0:4
Фиуроентина – РФС Рига 1:1
Група Б:
Андерлехт – Силкеборг 1:0
Група Ц:
Виљареал – Лех 4:3
Австрија Виена – Хпаоел Бер Шева 0:0
Група Г:
Балканот – Лука 1:1