ФУДБАЛ

Преку четири милиони билети продадени за Мундијалот 2018

За Светското фудбалско првенство во Русија до сега се продадени повеќе од четири милиони билети.

Повеќето се купени од руски навивачи, а од странските најзаинтересирани се од Германија, а по нив следуваат фановите од Аргентина и од Мексико

Втората етапа на продажба започна на 5 декември 2017 година и е поделена на две фази, првата до денеска, а втората од 31 март до 3 април.

Светското првенство во Русија ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули.