ФУДБАЛ

ПРЕМИЕР ЛИГА: Подобро подоцна отколку никогаш, Сити и Ливерпул со пресврт до победа

Манчестер Сити извојува голема победа од 2:1 над Саутемптон, откако беше во неповолна положба на „Етихад“.

Ворд-Проус во 13. минута со постигнување на гол отвори големи проблеми за домаќинот. Тие играа цврсто во одбраната и им го отежнат патот до победат на шампионите. Сепак, Агуеро во 70. минута изедначи па потоа Вокер да му донесе победа на својот тим во последните минути од натпреварот, во 85. минута. Цити на оваа средба освои три поени.

Астон Вила изгледаше дека ќе биде креаторот на првиот пораз на Ливерпул оваа сезона, но фудбалерите на Клоп, славеа со 2-1. По голот на Трезегет во 21. минута од средбата, домаќините го заштитија својот гол од бројните напади на „црвените“. Сепак, можностите за постигнување го не изостанаа. Па така со головите на Робертсон во 87. минута и Мане во 4. минута од судиското продолжување Ливерпул освои уште три бода.

Арсенал повторно не ги убеди „Емирати“. Тимот на Емери одигра нерешено (1-1) со Вулс. Обамејанг во 21. минута успеа да го доведе Арсенал во водство но Хименз во 75. минута го изедначи резултатот.

Во другите натпревари Вест Хем беше совладан со 3:2 од Њукасл, кој одлично се истакна во првото полувреме. Шефилд го совлада Барнли со 3:0 на домашен терен благодарение на фантастичниот Лундсрам. Брајтон го совлада Норвич со 2:0 со головите постигнати од Тросард и Дафи.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига