Управниот одбор на ФФМ денеска одржа седница, на која меѓудругото донесе одлука за доделување на парична награда за репрезентативците. Донесена е одлука за исплата на премија од 50.000 илјади евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата за настапот на македонската А селекција во квалификациите за ЕВРО 2020.
Македонија квалификациите ги заврши на третото место, зад Полска и Австрија, а пред Словенија, Израел и Летонија. Ова е најголем успех на фудбалската репрезентација до сега.