Челзи го претрпе првиот пораз во Премиер лигата вчера по доаѓањето на Томас Тухел на клупата.
Сините беа декласирани од Вест Бромвич Албион со 5:2 на „Стемфорд Бриџ“, а играчите на лондонскиот клуб не го толерираа овој пораз добро.
Вчера, по мечот, Рис Џејмс и Аспиликуета се расправаа, а денес имаше физички контакт помеѓу Антонио Рудигер и Кепа Аризабалага.
Рудигер и Кепа ја започнаа пресметката откако шпанскиот голман реагираше по еден старт на германскиот фудбалер и дојде до турканица и расправија.
На крајот, Тухел реши да го отстрани Рудигер од тренинг бидејќи дефанзивецот не можеше да се смири.
Очигледно првите проблеми се појавија во тимот на Томас Тухел и ќе видиме како германскиот стручњак ќе се справи со проблемите.