По 34 часа лет, фудбалскиот клуб од Австралија Престон Лајонс пристигна во Скопје, во рамките од нивната турнеја во Македонија. Ќе играат пријателски мечеви против Вардар на 23-ти септември и Пелистер на 25-ти истиот месец. Клубот ќе учествува и во хуманитарна акција за Кочани. Нивното гостување е поддржано од ФФМ, но и МНР на чело со министерот Тимчо Мицунски. Престон Лајонс е практично клуб основан и воден од Македонци, иселенции од Македонија. Нивната турнеја во Македонија е со цел засилување на врските со татковината и соработката пред се со Вардар, Пелистер и ФФМ.
Престон Лајонс од Австралија по 34 часа лет, пристигна во Скопје, ќе игра против Вардар и Пелистер
