Оле Гунар Солксјер беше отпуштен од Манчестер Јунајтед на крајот на минатата година по дебаклот против Ватфорд.
Тој беше заменет од Германецот Ралф Рангник, кој беше назначен на оваа позиција како привремен менаџер до летото 2022 година, кога „црвените ѓаволи“ ќе тргнат во потрага и ќе презентираат човек кој долгорочно ќе го води тимот.
Сепак, како што пишуваат британските медиуми, Рангник со својата работа и резултати ги задоволил челниците на тимот од Олд Трафорд и можно е тој да биде човекот кој ќе ја добие позицијата постојан менаџер на Манчестер Јунајтед.
Потрагата по нов менаџер засега дефинитивно е одложена и клубот ја разгледува опцијата на Рангник да му понуди постојана работа.
Да потсетиме, Рангник го водеше тимот на 10 натпревари во сите натпреварувања откако дојде во Манчестер Јунајтед и има скор од шест победи, три нерешени и еден пораз.
Клубот во февруари ќе игра и во осминафиналето од Лигата на шампионите, натпреварување за кое се бори преку англиската Премиер лига, каде моментно се наоѓа на 4. место со 38 бодови од 22 натпревари.
Да потсетиме, планот за Рангник беше да стане советник во клубот на лето, но се чини дека Манчестер Јунајтед ќе мора да бара човек да ја извршува таа функција, бидејќи се чини дека имаат нов постојан менаџер.