ФУДБАЛ

Претседател на италијанскиот клуб, заразен со Ковид-19

Претседателот на италијанскиот клуб Порденоне од Серија Б, Мауро Ловиса, потврди дека е заразен со вирусот „Ковид-19“, додека тој рече дека се чувствува подобро, но дека сè уште не закрепнал.

Бизнисменот повеќе од една деценија е на чело на клубот кој бара промоција во Серија А, но ова е првпат неговиот клуб да биде толку близу до влез во елитната фудбалска лига во Италија.

„Со оглед на големиот број на пораки што ги добив по шпекулациите дека сум заразен од вирусот „Ковид-19“, решив да направам официјално соопштение“, напиша претседателот Ловиса на официјалната веб-страница на Порденоне.

„Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои се заинтересираа за моето здравје со тоа што ми испратија пораки или ми се јавуваа. Точно е, јас исто така се борам против овој проклетен вирус. Сега сум подобро, но сè уште не закрепнав. Ќе направам уште еден тест следната недела, со надеж дека ќе биди негативен“.

„Не е ништо во споредба со оние кои претрпеа многу повеќе. Исто така, сакам да ги испратам моите молитви до сите оние кои ги загубија своите најблиски, кои моментално страдаат или кои се борат на првите линии, како што се доктори, медицински сестри и волонтери“.

„Исто така, сакам на сите да им посакам Среќен Велигден, особено на нашите обожаватели“. 

ПОВРЗАНО

Серија А