ФУДБАЛ

Претседателот на Лион го потврди местото за реваншот против Јувентус

На 17 март, Лион ќе го браи резултатот 1:0 од првиот натпревар против Јувентус во реваншот од 1/8 финале во Лигата на шампионите.

Поради епидемијата на коронавирус, дискутабилно е каде ќе се одржи натпреварот. Според претседателот Жан-Мишел Аулас, натпреварот ќе се игра во Торино.

„Јуве играше против Интер на својот стадион в недела. Ние ќе играме таму. УЕФА ги почитува одлуките и законите на секоја земја“, рече Аулас.

 
„Одлуката за забрана на натпревари во Италија не се однесува на меѓународните натпревари и се чини дека натпреварот сега е потврден“, додаде тој.

УЕФА е решена да продолжат со игра натпреварите во Лигата на шампионите. Досега ниту еден натпревар од тоа натпреварување не е одложен. Онаму каде што ситуацијата е алармантна се игра без навивачи.