Иако помина долго време откако Французинот, Антоан Гриземан откри дека ќе го напушти Атлетико Мадрид на крајот од сезоната, името на клубот во кој ќе замине е сеуште непознато.
Денес, за тоа пред медиумите говореше и првиот човек на Атлетико, Енрике Серезо, велејќи дека никој не знае каде оди Гризман:
„Не знам каде оди, не ми кажа, не знам каде да оди. Не мислам дека некој знае“, вели Серезо, одговарајќи на новинарско прашање дали Гризман ќе оди во Барса:
„Никој од Барселона не ме контактирал“, накратко коментираше првиот човек на Атлетико Мадрид.
„Гризман беше со нас пет години и тој одлично ја заврши работата, имаме добри односи. Се надевам дека каде и да оди, тој ќе биде третиран како кај нас“, додаде претседателот.
Освен Барселона, во приказната за доведување на Гризман се споменува, Манчестер Јунајтед, но тешко е да се поверува дека ќе замине јо Јунајтед.