ФУДБАЛ

Претседателот на Франција на наједноставен можен начин му честиташе на Бензема

Синоќа во Париз се одржа церемонијата на доделување на Златната топка.

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема ја освои престижната награда во главниот град на својата земја.

Веднаш почнаа да доаѓаат честитки од сите страни, а една од нив дојде од претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Францускиот претседател искористи само пет знаци на Твитер за да му честита на Бензема. „KB9!“, напиша Макрон со емотикон со француско знаме.

Реал Мадрид му честиташе и на Бензема за освојувањето на првата Златна топка во кариерата.

Бензема минатата сезона играше 46 пати во Реал Мадрид и постигна 44 гола со 15 асистенции. Го освои шпанското првенство и Суперкупот, како и Лигата на шампионите и според многумина, апсолутно заслужено ја освои оваа награда.