Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, предизвика големо внимание минатата ноќ во Торино, по натпреварот против Јувентус.
По победата на неговиот тим од 2:1, тој одлучи да ги провоцира навивачите на „Старата дама“ во еден гест, а тој, исто така, влезе во конфликт со Леонардо Бонучи, но на крајот сè заврши мирно.
По натпреварот Португалскиот експерт ја објасни својата постапката, а меѓу другото рече дека навивачите на Јувентус го провоцираа цело време, а му го навредуваа и „Интер семејството“, па мораше да реагира.
Се разбира, оваа изјава и се допадна на сите навивачи на Интер, но, исто така и на претседателот на клубот, Стивен Жанг кој ја „лајкуваше“ сликата на Мурињо по натпреварот во Торино, која се појави на Инстаграм.
