ФУДБАЛ

Претседателот на Каталонија испрати порака со која скоро потврди дека Меси си заминува

Сè поизвесно е дека по 20 години Лионел Меси ќе ја напушти Барселона.

Меси сака да замине како слободен агент летово, а тој се поврзува пред се со Интер, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, додека во комбинациите се вклучени и клубови како ПСЖ, па дури и Јувентус.

Не се знае многу за тоа каде оди Меси, но навивачите на Барселона и целиот свет со нетрпение го чекаат крајот на целата драма. На „Камп Ноу“ сè уште не сакаат да веруваат дека Меси си заминува.

Во меѓувреме, Меси испратил факс до клубот со барање да го раскине договорот, бидејќи имало клаузула дека еднострано би можел да го раскине договорот кога ќе реши да замине, но Барселона уверува дека неговиот договор автоматски бил продолжен на 31 мај за друга сезона со клаузула од 700 милиони евра.

Вечерва се одржува состанок за управување со вонредни состојби во Барселона, а загрижените навивачи се собираат околу стадионот. Говореше и претседателот на Каталонија, Ким Тора и Пла.

“Каталонија секогаш ќе биде ваш дом. Ви благодарам за целата среќа што ни ја донесовте со вашиот фудбал. Имавме среќа да живееме во друштво на таков играч”, напиша тој на Твитер и некако се чинеше дека му посакува среќно патување во друг клуб.