КОШАРКА

Претседателот на македонската кошаркарска федерација Перо Антиќ има време за политика, во Србија дава поддршка за партијата на Вучиќ

Перо Антиќ, екс кошаркарот на белградска Црвена звезда и претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, ја поддржа листата на Српската напредна партија на претстојните избори кај северниот сосед.

СНС веста ја објави на својот профил на социјалната мрежа Х.