ФУДБАЛ

Претседателот на Наполи потврди: Го сакаме Ибрахимовиќ во јануари

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, потврди дека сака да го доведе Златан Ибрахимовиќ во јануари, но призна дека сето тоа зависи од шведскиот напаѓач.

Ибрахимовиќ пред неколку дена отворено изјави дека би сакал да ја заврши кариерата во Наполи, додека неговиот сегашен договор со ЛА Галакси истекува за два месеци.

„Пред сè, тој е мојот пријател. Го запознав во Лос Анџелес, не како фудбалер, како обичен човек, затоа што ние престојувавме во истиот хотел“, изјави Де Лаурентис за „ТВ Луна“.

„За мене тоа е желба не предлог (негов трансфер во Наполи), но зависи од него не од мене“, додаде тој.

38-годишниот фудбалер веќе уживаше голем успех во Италија, освојувајќи ја титулата во Серија А со трите гиганти, Јувентус, Интер и Милан.

ПОВРЗАНО

Серија А