ФУДБАЛ

Претседателот на ПСЖ откри зошто е одбиена огромната понуда на Реал за Мбапе

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи откри зошто францускиот клуб ги одбил огромните понуди на Реал Мадрид за Килијан Мбапе.

Францускиот фудбалер очајно сака да го носи дресот на кралевите. Мадридскиот тим го гледа Мбапе како лидер на новата генерација и испрати неколку понуди до ПСЖ на крајот од преодниот рок.

Сепак, ниту понудата од 200 милиони евра не беше доволна за да го донесе. ПСЖ ги одби сите понуди од Мадрид, а првиот човек на парискиот клуб откри зошто го направил тоа.

“Единствено што е важно е дека сакаме да го почитуваме финансискиот фер-плеј. ПСЖ многу го почитува”, изјави Ал-Келаифи на прашањето за продажбата на Мбапе во Реал.

Сигурно е интересно што првиот човек на ПСЖ го даде овој одговор откако летово во клубот ги донесе Лионел Меси, Џиџи Донарума, Серхио Рамос, Ашраф Хакими, Нун Мендеш и Џорџино Вајналдум.

Исто така, клубот од Париз се обидува на секој начин да го задржи Мбапе. Му нудат нереални бројки за нова плата, но одличниот напаѓач упорно ги одбива.

Договорот на Мбапе истекува во јуни следната година и ќе биде интересно да се види каде 22-годишниот фудбалер ќе ја продолжи кариерата.