Претседателот Стево Пендаровски ги пречека ракометарите на Вардар во претседателската вила на Водно
„Ги пречекавме европските шампиони, нашите спортски херои од RK Vardar! Момци, честитки и ви благодариме уште еднаш што не направите горди! Ќе се заложиме сите, успешната приказна #HCVardar, да продолжи и понатаму да биде наша гордост и да се надградува со нови тофеи и успеси“, напиша Пендаровски на својот официјален Фејсбук профил.