Манчестер Јунајтед планира да го купи централниот играч од средниот ред, Лоренцо Пелегрини и направен е првиот чекор.
Како што пишуваат медиумите во Италија, официјалните претставници на Манчестер Јунајтед се сретнаа со агентот на Пелегрини, во Лондон за да ја направат првата фаза од разговорот.
На нив им било кажано дека Пелегрини има клаузула од 27 милиони фунти, што е бројка која Јунајтед навистина може да си ја дозволи и наводно веднаш објавија дека ќе го купат Пелегрини.
Италијанскиот репрезентативец и претходно беше на мета на Јунајтед, а 22-годишниот, ако не во јануари, најверојатно на крајот од сезоната треба да премине на „Олд Трафорд“.
Во тековната сезона одигра вкупно 13 натпревари во дресот на Рома и постигна два гола, еден гол во Лигата на шампионите и еден во Серија А.