ФУДБАЛ

Презентацијата на дресот донесе нов доказ дека Антоан Гризман ја напушта Барселона

Францускиот напаѓач Антоан Гриземан (30) најверојатно ќе ја напушти Барселона.

Каталонскиот гигант е многу близу до договор со Атлетико Мадрид за размена на Гризман за Саул Нигуез, а зделката треба да биде завршена многу скоро.

Доказ дека Гризман ќе го напушти клубот пристигна на денешното претставување на резервниот дрес на каталонскиот клуб. Францускиот фудбалер не се појави на видеото, иако беше еден од моделите кои беа фотографирани во овој дрес и очигледно е дека Французинот повеќе нема да го носи дресот на Барселона.

Исто така, Гризман одлучи повеќе да не се враќа во Барселона. Тој повеќе нема да тренира со овој тим и ќе ги започне подготовките во дресот на Атлетико, каде ќе се врати по две години.

Да потсетиме, Барселона летото 2019 година плати за Гризман дури 120 милиони евра, но Французинот не блескаше во редовите на каталонскиот клуб. Тој одигра вкупно 99 натпревари и постигна 35 погодоци.

https://twitter.com/MalikFCB10_/status/1415578163929927682

Неговата плата (45 милиони евра годишно со данок) беше сериозен проблем за Каталонците. Конечно успеаја да се ослободат од тоа и значително да ги намалат трошоците, а Гризман е подготвен да прифати значително намалување во Атлетико за да ја направи размената што е можно полесна.

Гризман го носеше дресот на Атлетико од 2014 до 2019 година. За овој клуб одигра 257 натпревари и постигна 133 голови.

Освои вкупно три трофеи, а ќе видиме дали Атлетико со негова помош ќе ја брани титулата во Шпанија од минатата сезона.