ФУДБАЛ

Преживеа пекол, има лузна на главата, а сега ги понижи своите противници

Големите играчи успеваат да се вратат на вистински начин откако доживеале сериозни повреди што би можеле да значат крај на нивната кариера.

Пред речиси една година на натпреварот Арсенал – Вулверхемптон, Раул Хименез се здоби со тешка повреда на главата. На терен, медицинските служби се бореа за неговиот живот, и се покажа дека тој се здобил со фрактура на черепот.

Одличниот мексикански напаѓач првпат се појави во јавноста во јануари кога гледаше еден натпревар на својот тим и се виде дека има трајна лузна на главата.

Хименез се врати на теренот на крајот од минатата сезона и беше принуден да игра со заштитна капа околу главата за да спречи евентуална нова повреда.

До повредата, овој 30-годишник беше меѓу најдобрите напаѓачи во Премиер лигата, и полека почнува да се враќа во старата форма.

Вулверхемптон го победи Саутемптон на гости со минимални 0:1. Стрелец на голот беше Хименез кој постигна гол по повеќе од една година.

Напаѓачот одлично прими една длабока топка, продаде неколку лажњаци на противничката одбрана и ја затресе мрежата со прецизен удар. Погледнете го голот овде.

Хименез пристигна во Вулверхемптон пред две години од Бенфика кога беше платен неверојатни 38 милиони евра.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига