По шокантниот пораз од Динамо, денес во островските медиуми се пишуваше многу за судбината на Жозе Мурињо на клупата на Тотенхем.
Испаѓањето од Лигата на Европа го загрози статусот на Мурињо во Тотенхем, но и покрај тоа, островските медиуми пишуваат дека челниците на Тотенхем нема да го отпуштат.
А, причината се парите. Имено, како што пренесуваат медиумите од островот, португалскиот стручњак „вградил“ клаузула при потпишувањето на договорот, според која ќе има право на обештетување од неверојатни 40 милиони евра во случај на отказ.
Тотенхем не размислува за отказ, но доколку не ја освои Лигата на шампионите или го освои Лига купот, челниците на лондонскиот клуб ќе седнат со Португалецот и ќе се обидат да договорат спогодбено раскинување.
Да потсетиме, по поразот од Динамо Мурињо ги критикуваше неговите избраници.
“Тие не ја сфатија играта толку важна. Јас ги предупредив пред натпреварот, ги предупредив 0-0 и ги предупредив на полувремето. Тие не го сфатија тоа сериозно. Тие не тепаа во ставот”, рече Мурињо и Капитенот на петлите, Уго Лорис, имаше што да им каже на соиграчите:
“Срамота е. Се надевам дека сите во соблекувалната се чувствуваат одговорни за ова, бидејќи ова е голем срам”, рече Лорис.