Напаѓачот на Сиетл Саундерс, Нико Лодеиро, тврди дека ѕвездата на Барселона, Луис Суарез сака да игра во МЛС, прво ниво на американскиот фудбал и дека овој трансфер ќе се случи порано или подоцна.
Николас Лодеиро и Луис Суарез се добри пријатели бидејќи играа со репрезентацијата на Уругвај. Лоодеиро ќе се натпреварува во финалето на МЛС Купот в недела против Торонто.
Додека Лодеиро е целосно фокусиран на овој клучен натпревар, тој го одвлече вниманието на некои американски љубители на фудбалот, велејќи дека Суарез ќе игра во МЛС.
„Мислам дека треба да ја убеди Барселона. Тој сака да дојде во МЛС. Тој секогаш ме прашува за лигата. Неговиот сон беше да игра за Барселона. Играше на прекрасно ниво и таму се чувствува пријатно“, рече Лодеиро.
„Порано или подоцна, тој ќе дојде во МЛС. Па … се надевам! Му се допаѓа лигата. Тој секогаш ме прашува за многу работи во нашата лига. Се надевам дека ќе дојде во Сиетл Саундерс. Може да биде потешка задача. Но, неговиот трансфер тука е само прашање на време“.
Суарез, кој сега има 32 години, има договор на „Камп Ноу“ до летото 2021 година и сега е во шестата сезона од својата кариера со Барселона од моментот кога се пресели од Ливерпул во 2014 година.