ФУДБАЛ

Приказната на Роналдо во Манчестер е при крај!

Кристијано Роналдо (37) би можел да го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од преодниот рок.

Летово 37-годишната португалска ѕвезда беше поврзувана со бројни клубови. Роналдо сака да игра во Лигата на шампионите и агентот Жорге Мендеш прави се за да му најде клуб.

Сагата околу Роналдо треба да заврши во наредните денови. Шпанскиот новинар Хозе Феликс Дијаз известува дека многу се работи на враќање на Кристијано во Спортинг од Лисабон.

“Изгледа дека на приказната на Роналдо во Манчестер и дојде крајот. Португалецот одлучи дека најдобра опција е да се врати таму каде што почна се – во Спортинг. Работата не е лесна, но раководството на тимот од Лисабон и Хорхе Мендез работи напорно на трансферот“, тврди новинарот Марсе.

Летниот преоден рок трае до следниот четврток на полноќ. Тогаш многу работи ќе бидат појасни и ќе видиме дали Роналдо ќе се врати во Спортинг по речиси 20 години.

Португалскиот гигант имаше голема среќа на вчерашната ждрепка во Лигата на шампионите и ќе има добри шанси да се пласира во нокаут фазата од натпреварувањето.

Противници на Спортинг ќе бидат актуелниот шампион на Европската лига Ајнтрахт од Франкфурт, англискиот Тотенхем и францускиот гигант Марсеј.

Исто така, англиските медиуми денеска ја објавија информацијата дека Мендеш преговара со Наполи за потенцијалниот ангажман на неговиот клиент, а очигледно не очекуваат топли денови кога е во прашање иднината на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Роналдо беше најдобар играч на Јунајтед минатата сезона во очајна сезона и постигна 24 гола на 38 натпревари. Сезонава настапи на три натпревари и немаше ефект.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг реши да го остави на клупата на големото дерби против Ливерпул, а шанса за настап доби само на крајот.