Фудбалерите на Мајорка и Алавес ремизираа 1:1 во 15. коло од Ла Лига.
„Балеарската игра“ не беше претерано интересна, Мајорка имаше повеќе удари кон голот и позрели можности, особено во 49. и 61. минута преку Дардер и Ларин, но немаше голови.
И Предраг Рајковиќ успеа да ја зачува својата мрежа, имаше три успешни интервенции.
Мајорка сега е 16-та со 11 бодови, Алавес е 12-ти со 16.
