Франс Фудбал вчера го објави списокот од 30 фудбалери кои оваа сезона ќе се борат за Златната топка.
Престижниот француски весник ќе ја додели престижната награда на 17 октомври, а трофејот од минатата година нема да го брани фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, кој не се најде ниту меѓу 30-те кандидати за наградата.
Многумина беа изненадени од фактот што таму е неговиот најголем ривал Кристијано Роналдо. Франс Фудбал објасни се за Роналдо и Меси.
„Роналдо минатата сезона стана најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата. Беше клучен играч на тимот во групната фаза од Лигата на шампионите каде постигна четири клучни гола кои на Манчестер Јунајтед му донесоа седум бода“, објави Франс Фудбал и додаде:
“Во Премиер лигата тој постигна 18 гола, вклучувајќи и два хет-трика. Вкупно, тој постигна 32 гола на 49 натпревари. Тоа не е како неговите најдобри сезони, но доволно е да се биде меѓу најдобрите 30 играчи во светот”.
Тие потоа се свртеа кон ѕвездата на ПСЖ, Лионел Меси. Мислат дека имал очајна сезона.
„Неговата прва сезона во Париз беше разочарувачка во сите погледи, и визуелно и статистички“, беше објавено.
На листата на кандидати за најдобар фудбалер на светот се најдоа следните фудбалери: Тибо Куртоа, Рафаел Леао, Кристофер Нкунку, Мохамед Салах, Џошуа Кимих, Трент Александер-Арнолд, Винисиус ЈР, Бернардо Силва, Луис Дијаз, Роберт Левандовски, Ријад Махрез, Касемиро, Хеунг-Мин Сон, Фабињо, Карим Бензема, Мајк Маињан, Хари Кејн, Дарвин Нуњез, Фил Фоден, Садио Мане, Себастијан Халер, Лука Модриќ, Антонио Рудигер, Кристијано Роналдо, Кевин де Бруин, Душан Влаховиќ, Вирџил ван Дијк, Жоао Кансело, Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд.
Главен фаворит за освојување на наградата за најдобар фудбалер на светот е напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема и многу е извесно дека трофејот ќе го подигне на 17 октомври во Париз.
Бензема зад себе има навистина спектакуларна сезона во која го предводеше Реал Мадрид до трофејот во Лигата на шампионите, а и самиот беше многу ефикасен.