Еден Азар овој јануари би можел да го напушти Реал Мадрид, каде не ги оправда очекувањата.
Азар пред речиси три години пристигна во кралскиот клуб како големо засилување од Челзи за цели 115 милиони евра, но во Мадрид не му оди како што замисли.
Белгиецот пропушти голем број натпревари поради честите проблеми со повреди, но и кога е подготвен да игра за Карло Анчелоти, повеќето натпревари ги почнуваат од клупата, што секако не му се допаѓа.
Шпанските медиуми со денови пишуваат дека Азар сака да го напушти Реал Мадрид и да се врати во Англија каде го играше најдобриот фудбал во кариерата.
Утринава мадридски АС објави дека првата понуда за Азар пристигнала од Њукасл, кој се обидува максимално да го засили тимот за вториот дел од сезоната каде ќе се бори за опстанок во друштво на најдобрите.
Наводно, англискиот клуб понудил околу 40 милиони евра за Азар и се надевале на позитивен одговор од Мадрид, но на крајот тоа не се случило.
Реал Мадрид ја одби понудата на страчки за Белгиецот, а на богатите сопственици на Њукасл им порачаа дека Азар може да замине само ако некој плати 50 милиони евра за тоа, што не е невозможна мисија за овој клуб.
Њукасл очајно сака да донесе некои големи ѕвезди во јануари и се чини дека Азар е нивниот прв избор, но прашање е дали тој сака да ја продолжи кариерата во клуб кој се бори за опстанок во Премиер лигата.