ФУДБАЛ

Пристигнаа составите за „Ел Класико“

Во 21 часот започнува најголемиот натпревар на шпанскиот фудбал помеѓу Реал Мадрид и Барселона.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а познати се и составите.

Карло Анчелоти се одлучи за следните 11: Куртоа, Карвахал, Милитао, Алаба, Начо, Касемиро, Крос, Модриќ, Валверде, Винисиус и Родриго.

Одлуката на Чави Ернандез за Барса ќе стартува: Тер Штеген, Араухо, Пике, Ерик Гарсија, Алба, Бускетс, Де Јонг, Педри, Дембеле, Обамејанг и Феран Торес.

За потсетување, прволигашкиот натпревар сезонава на Ноу Камп го доби Реал со 1:2, додека кралевите славеа и во шпанскиот Суперкуп со 3:2.