Нелсон Семедо веќе некое време е интензивно поврзан со евентуалниот трансфер од Барселона, ова лето.
Списокот на заинтересирани не е краток, а европските великани како Јувентус, Интер и Манчестер Сити би сакале да го видат Семедо во своите редови.
Се верува дека Барселона е подготвена да го продаде 26-годишниот десен бек, без оглед на неговите неспорни квалитети.
За квалитетот на Семедо, добро запознаен е Хелдер Кристовао, човек кој некогаш ја водеше Бенфика.
Кристовао сега ја „предупреди“ Барселона да не го продава Семедо.
„Би било грешка да го оставиме Семедо да ја напушти Барселона“, рече Кристовао во интервју за „Еспорте КОПЕ“ и продолжи:
“Знам дека другите клубови можат да понудат 30-40 милиони евра за него. Интересот на Јувентус и Манчестер Сити покажува на кое ниво е… Тој е многу сигурен и напредува секоја година. Тој само треба да покаже повеќе карактер и јас би сакал тој да остане во Барселона “.
Да потсетиме, се шпекулира дека Барселона би можела да го вклучи Семедо во еден од „трансфер пакетите“, за Лаутаро Мартинез или Миралем Пјаниќ.
Нелсон Семедо за минутажа се бори со Сержи Роберто на позицијата десен бек. Португалецот успеа да собере 29 настапи за Барса во сите натпреварувања оваа сезона, а забележа и пет асистенции.