Фудбалерот на Барселона, Педри заработи повреда на десната натколеница на тренинг, соопшти денеска каталонскиот клуб, без да прецизира колку време играчот од средниот ред ќе биде надвор од терените.
„ФК Барселона информира дека првотимецот Педри го повредил мускулот на десниот бут“, се вели во соопштението.
Според шпанските медиуми, 20-годишниот фудбалер би требало да отсуствува неколку недели, што значи дека ќе ги пропушти и септемвриските натпревари на Шпанија во квалификациите за ЕП.
Тоа е нов удар за Барселона, која поради истата повреда неколку недели беше без уругвајскиот стопер Роналд Араучо.
Барселона во неделата го победи Кадиз со 2:0 во второто коло од шпанската Ла Лига, а Педри го постигна првиот гол за каталонскиот тим во новата сезона.
По две одиграни кола во Ла Лига, Барселона има четири бода, а во следното коло гостува кај Виљареал.
